Скопјанка ветувала стекнување право на инвалидска пензија, а еве колку пари им украла

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 60-годишната С.Ц. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од јуни 2016 година до јули 2017 година, пријавената со лажно прикажување факти, на сопружници од Скопје им ветила дека за сума од 500 евра ќе може да им среди да стекнат право на користење на инвалидска пензија. Но, освен договорените 500 евра, од оштетениот во неколку наврати земала дополнителни 69.275 денари.

 

 

 

31.07.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега