ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со ребалансот ги изневери очекувањата на граѓаните

СДСМ со ребалансот на Буџетот ги изневери очекувњата на граѓаните и покажа ниско ниво на демократски капацитети. Се кратат пари за суштинските сегменти на живеењето, а се зголемуваат ставки кои се од тесно партиски интерес на СДСМ, смета ВМРО-ДПМНЕ.

- СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт и дека не се грижат за потребите на граѓаните, а уште помалку покажуваат капацитет да се зафатат со решавање на проблемите на државата. Ребалансот е најдобар показател за нивното лицемерие и неспособност да одговорат на обврските кои ги имаат кон овој народ и кон оваа држава, рече Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

За тоа, посочи, најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 и ниту еден не беше прифатен.

- Со ребалансот се запираат изградба на патиштата, проектите во гасификацијата, Клиничкиот центар, водоснабдителен систем во Гевгелија и други капитални проекти. Се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој и цели 128 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство наменети за капитални инвестиции, ама затоа се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање на невладини организации. Во 16 ставки од ребалансот има зголемување на платите и на надоместоците за 300 милиони денари, што потврдува дека до крајот на годината безмилосно ќе се трошат пари за вработувања и хонорари на партиски војници, шарени револуционери, ќерки и синови на коалициони партнери, комичари и твитер ликови блиски до СДС, рече Перински.

Дополнително, нагласи, во ребалансот се предвидува зголемување на задолжувањето за цели 150 милиони евра. 

 

 

 

31.07.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега