Жителка на Ваташа ја злоупотребила кредитната картичка на сестра и

Кривична пријава против 24- годишна А.Т од село Ваташа, осомничена за кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци.

Како што соопшти МВР, од 5-ти до 13 април оваа година А.Т., додека била на гости во домот на нејзината сестра, без да биде забележана од чантата и одзела кредитна картичка заедно со известувањето за податоци за ПИН-кодот.

Потоа, на 12-ти и 13 април, таа во повеќе наврати од банкомати во Кавадарци и Неготино подигнала 59.000 денари.  

 

 

 

 

01.08.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега