Страшна сообраќајка во Скопје - жена веднаш префрлена на Ургентен

Вчера во 12:05 часот во Скопје на улица „Народен Фронт“, се случила сообраќајна незгода во која 58-годишниот  О.Д. управувајќи патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот 88-годишната Љ.А. од Скопје.

Истата со возило на Итна медицинска помош била префрлена во Градската Општа Болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

02.08.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега