Пожари бесенат во земјава - Избувна пожар во општина Зрновци

Во општина Зрновци претпладнето избувна голем шумски пожар во месноста Трнавца мегу населените места Видовиште и Теранци. Во пожарот е зафатена голема површина од нискостеблеста шума со смрека. Огените јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на  планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена  дабова и букова шума.

Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека во гаснењето на пожарот  се вклучени вработените во Јавното комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, како и Кочанската теритроријална противпожарна единица сио две возила и месносто население.

– За гасенење на пожарпт кој од час во час зема се поголем замав, помош побарав и од републичкиот  Центар за управување со кризи, од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Станков.

Бидејки се работи за непристапен терен, истакнува Станков и гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.

Според кажувањата на очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување мегу селата Видовиште и Теранци, пожарот бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.

 

 

 

 

 

02.08.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега