Украден златен накит и пиштол од стан во Скопје: Еве колкава е штетата

На 01.08.2017 година во Полициската станица во Центар, 54-годишниот В.Б. од Скопје пријавил дека во периодот од 25.07.2017 до 01.08.2017 година од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговиот стан на улица „11-ти Октомври“, при што сторителот насилно ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и одзел разновиден златен накит (пари, ланчиња, обетки, нараквици, привезоци, прстени, накит “Сваровски“), пиштол „Берета“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола и две рамки со 17 куршуми, а потоа го напуштил местото на настанот.

Проценетата штета изнесува околу 450.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.08.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега