Се шири пожарот во општина Зрновци: Граѓаните во паника

Пожарот што избувна предпладнево во општина Зрновци, кај месноста Трнавца, меѓу населените места Видовиште и Теранци, се шири кон планината Плачковица. Зафатени се големи површини букова и дабова шума.

Локализирањето е отежнато поради непристапноста на теренот, а 

Според раководителот на Подрачната единица на Центарот за спасување и кризи во Кочани Благој Николов, за пожарот е информиран Центарот за управување со кризи на Република Македонија, но поради пожарите во другите делови на земјата, за Зрновци засега нема да биде испратен хеликоптер.

Во гасенењето на пожарот учествуваат кочанската територијална противпожарна единица, жители на општина Зрновци, од КЈП „Водна кула“ од Зрновци и од Шумското стопанство„Осогово“ од Кочани.

Очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување меѓу селата Видовиште и Теранци, велат дека е предизвикан од невнимание на човечки фактор. 

 

 

 

02.08.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега