Повреден пешак и возач - хаос низ улиците на Скопје

Изминатите два дена на подрачјето на Скопје се случиле 24 сообраќајни несреќи од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач, во осум со помали повреди се стекнале 15 лица, а во 14 е предизвикана само материјална штета.

Во посочениот период откриени се повеќе прекршоци и преземени се мерки против седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, шестмина за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 18 возачи ги управувале возилата без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 39 возила биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и тројца пешаци и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „Пајак“, од наша страна отстранети се 36 возила.

 

 

 

 

03.08.2017 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега