Тетовчанец проверувал дали има куршуми во пиштолот, па пукал во себеси

На 03.08.2017 година околу 15:00 часот во село Чифлик, тетовско, 37-годишниот Х.М. од село Чифлик сам се повредил со пиштол.

Откако ги однел членовите на семејството на свадба кај неговиот чичко, се вратил дома со цел да провери дали е се затворено и од спалната соба земал пиштол „ЦЗ“ калибар 9мм и се упатил на свадба. При проверка дали пиштолот има куршум во цевката, пиштолот испалил, по што Х.М. се самоповредил во пределот на левата подколеница.

Тој бил префрлен во Клиничка болница Тетово каде му била констатирана прострелна рана на задниот дел од левата подколеница.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

04.08.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега