Го нападнал со секира, па потоа му го запалил добитокот - драма во кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 77-годишниот С.А. од село Кшање, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид” и “предизвикување општа опасност”.

На 21.07.2017 година, околу 09,00 часот, на  „Петрева Одаја“ во село Кшање  пријавениот со секира го нападнал 63-годишниот С.Н. од село Кшање. Тој со сечивото од секирата замавнал кон С.Н. и  го удрил во раката, нанесувајќи му телесна повреда. По кратко време, С.Н. излегол од својот дом за да го собере добитокот, а пријавениот повторно го нападнал со секира, но го удрил во вилата која С.Н. ја носел со себе.

Исто така, на 02.08.2017 година, околу 01:00 часот, пријавениот дошол до помошните простории на С.Н. и ги запалил сламата и сеното од кровната конструкција, по што пожарот се проширил и во останатите простории, кои целосно изгореле, како и 60 кокошки, 14 грла добиток.

С.Н. при гаснење на пожарот се здобил со изгореници по лицето  и рацете.

 

 

 

04.08.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега