Дошле од Алјаска да корнат украсни дрвца во Охрид

Утрово тие биле фатени како корнат заседени два покрај пешачката патека кон Студенчишта.

Четворица американски државјани со македонско потекло, дошле дури од шумовитата Алјаска да корнат украсни дрвца во Охрид.

СВР Охрид им поднесе прекршочна пријава во која се опфатени две лица по потекло од струшкото село Радолишта како и уште две други со живеалиште во Алјаска.

Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца од средишниот дел на патеката.

Притоа, пријавените целосно откорнале и целосно уништиле две садници а поголем број делумно ги оштетиле.

Лицата се приведени и по брза постапка и се спроведени во Основниот суд во Охрид.

Ова не е за прв пат да се уништуваат украсни дрвца на таа патека.

 

 

 

05.08.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега