Ласовска: СДС се расфрлаше со разно разни ветувања, нека го покажат сега тоа на дело

Доказ дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се грижат за граѓаните и нивните потреби е и поднесувањето на предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Основната и единствена причина за поднесување на овој предлог закон е поради тоа што голем број на граѓани не биле во можност да го остварат своето право за приватизација на неизградено земјиште, а исто така не поднеле ниту пријава за промена на правото на користење во право на сопственост во рокот до 15 јуни 2016 година.

Затоа, ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ сметаме дека со поднесување на предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште ќе им се помогне на граѓаните кои не поднеле пријава до Катастар до 15 јуни 2016 година да можат да го откупат тоа земјиште во било кое време, за разлика од претходните измени со кои се пролонгираше рокот за поднесување на барања овој пат со овие дополнувања нема да постои рок до кој треба да се поднесат барања од страна на граѓаните кои што се уште немаат поднесено и поведено постапка.

Бевме сведоци како СДС се расфрлаше со разно разни ветувања како тие работат за доброто на граѓаните, затоа сега е моментот кога тие ќе можат да се покажат на дело.

Доколку СДС се однесува и постапува зрело нека го прифати овој предлог за дополнување на законот.

Од името на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бараме и од министерот за финансии да го поддржи овој предлог на закон затоа што така ќе излезе во пресрет  на граѓаните, а исто така ќе има приходи во буџетот на  Република Македонија.

А, ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е на власт или во опозиција и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и нивните потреби.

 

 

 

06.08.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега