Со пиштол нападнати и ограбени две другарки во Градски парк

Вчера вечерта во Градскиот парк во во Скопје, од страна на две непознати лица лица извршено е разбојништво над 28-годишната Д.П. од Скопје.

Имено, додека Д.П. седела со нејзина другарка 28-годишната И.Б. исто така од Скопје им се доближиле сторителите, при што едниот ѐ вперил пиштол во пределот на градите, и им ги одзеле чантите. Во чантата Д.П. имала паричник со 1.300 денари, лични документи и мобилен телефон, а додека пак од И.Б. одзеле 1.200 денари, рачен часовник и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијат ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

06.08.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега