ВМРО-ДПМНЕ: Несериозноста на неспособната владата ги загрозува животите и здравјето на илјадници граѓани на Македонија

Несериозноста на неспособната владата на Заев ги загрозува животите и здравјето на илјадници граѓани на Република Македонија. СДС со својата неспособност и неажурност дозволи Македонија да стане огромно жариште и да и се случи еколошка катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пожарите горат, а владата е инертна и не покажува грижа за граѓаните. Неспособната влада на СДС не успеа да направи превенција од нови пожари, иако сите информации говореа за ризик од пожари, и на тој начин стави во опасност илјадници граѓани. Неодговорната влада на СДС не успеа да изгаси локални пожари кои ескалираа и ставија во опасност цели региони. Заради игнорирањето и ненавременото локализирање на пожарите СДС дозволи тие со денови да голтаат цели планини со шума и да станат вистинска опасност на огромен број на граѓани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека, се додава во соопштението, граѓаните молеа и чекаа државата да им помогне за да пожарите не стигнат до нивните домови, владата на СДС не мрдна со прст и зад затворени врати, далеку од очите на јавноста носеше закони штетни за Република Македонија и нејзините граѓани.

-Владата на СДС мора да сноси одговорност за пожарите кои заради нивната неажурност и игнорантски однос за ненавремено локализирање на пожарот дозволи да изгорат 5 куќи, се нанесе огромна материјална штета во Поречието и останатиот дел на Македонија каде секој ден пожарите земаат поголем замав. За неспособноста на владата на СДС да излезе во пресрет на граѓаните и да помогне во гасење на пожарите граѓаните ќе одговорат на локалните избори на  15-ти октомври кога ќе го казнат СДС за сите нереализирани ветувања и погубни политики вклучувајќи го и несериозниот пристап кон гасење на пожарите во земјата, подвлечуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

07.08.2017 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега