Екипите на ЕВН работат на санирање на изгорените столбови во пожарите

Екипите на ЕВН Македонија и во идниот период ќе работат на санирање на 14 изгорени столбови во општина Чашка, Велес, информираат од компанијата.

-Снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овој регион е овозможен преку времен приклучок, а што е можно поскоро се очекува и трајна санација на оштетата и решавање на настанатата ситуација. Истовремено, до крај на утрешниот ден се очекува и санирање на 5 изгорени столбови во Зелениково, се вели во соопштението од ЕВН.

Во меѓувреме, поради пожарите во Македонски Брод, а според проценка на екипите на ЕВН кои се на терен, изгорени се три столбови во село Могилец. Овој број на изгорени столбови се очекува да порасне бидејќи одредени локации се сеуште непристапни поради активните пожари кои не стивнуваат.

 

 

 

07.08.2017 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега