Што ќе се случи по пеколниот бран: Еве какви температури нѐ очекуваат до 11 август

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и многу топло, околу пладне најпрво во западните и крајните источни делови имаше зголемување на облачноста. Попладнево има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Поизразена нестабилност имаше во подрачјето на Бероово-Пехчево, Македонска Каменица кон Кочани, околу планините Даутица, Јакупица, Караџица, како и на Селечка Планина и Ниџе и на Градишка Планина (меѓу Д.Капија и Струмица). Дуваше слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој попладнево во северниот дел од Повардарието се засилува и дува со брзина од околу 40 км/час

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во следните часови се уште има услови за локална нестабилнот, претежно во планинските подрачја, но постепено ќе слабее по интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта облачност ќе се намалува, како и брзината на ветерот.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло, во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Т-мин. од 15 до 22, а т-макс. од 33 до 40 степени. УВ=9

СКОПЈЕ

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Т-мин. 21, а т-макс. до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

До петок под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец.

 

 

 

 

07.08.2017 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега