Објавен официјалниот текст на Предлог-законот за употреба на јазиците

Министерството за правда соопшти дека со Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор го објавуваат официјалниот текст на Предлог-законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура за усвојување.

Сите заинтересирани граѓани, стои во соопштението, текстот од Предлог-законот за употреба на јазиците можат да го најдат на линковите:

http://www.pravda.gov.mk/documents/Predlog%20Zakon%20za%20upotreba%20na%20jazicite%20so%20obrazlozenie%20%281%29.pdf

http://www.siofa.gov.mk/data/Predlog%20Zakon%20za%20upotreba%20na%20jazicite%20so%20obrazlozenie.doc

Од Министерството посочуваат дека по усвојувањето од страна на Собранието на Република Македонија, законот ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија заедно со спорните одредби кои се однесуваат со употребата на албанскиот јазик во монети и хартии од вредност, како и во униформата на Армијата.

 

 

 

07.08.2017 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега