ВИДЕО: Одлична забава во неутралната фан зона, погледнете ја атмосферата

Неутралната фан зона за Суперкупот која е лоцирана на градскиот плоштад „Македонија“ е преполна. Огромен број обожаватели на фудбалот, независно дали навиваат за „Кралевите“, „Црвените ѓаволи“ или пак некоја друга екипа, се на плоштадот, се забавуваат и уживаат во активностите подготвени за нив.

На голема бина поставена на плоштад „Македонија“ денеска ќе настапат Симона Попоска, диџеите Матс, Контру и Бранчез, а за утре се најавени настапите на Сара Мејс, диџеј Дела, Брас Брадрс и диџеј Боби.

Сите посетители на неутралната фан зона ќе имаат можност да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА, трофеите на Суперкупот, Лигата на шампионите и Лига Европа, а за анимирање и забавување со фановите ќе се погрижи и маскотата на Суперкуп 2017 Скопје. Дополнителни активности ќе бидат организирани и од главните партнери на УЕФА: Пепси, Хајнекен, Мастеркард и Нисан.

– Навивачката еуфорија се очекува да ги исполни улиците на Скопје во деновите кои претстојат, а дефинитивно ќе кулминира на 8 август кога очите на јавноста и љубителите на фудбалот од целиот свет ќе бидат вперени кон Македонија, соопштија организаторите на придружната програма по повод Суперкупот во Скопје.

Навивачката фан зона е отворена од 11 до 19 часот.

 

 

 

07.08.2017 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега