Земјата и денеска ќе гори, но еве кога не очекува промена

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 17 до 22 степени, а дневната од 30 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежо од југоисточен правец. 

Утринската температура ќе достигне до 21 степен, а дневната температура до 38 степени.

До петок под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец.

 

 

 

08.08.2017 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега