Неколку предлог одлуки, денеска пред Собраниската Комисија
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред се Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог - одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и Предлог - одлуката за резрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа