Денеска е Св. Пантелејмон, заштитник на медицината - еве зошто денес треба да започнете бизнис

Свети Пантелејмон се роди во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколу планирате да започнете некаков бизнис, денес е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е блгасловено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму денеска. Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку денеска во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слабат како куќна слава, обавезно треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

 

 

 

09.08.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега