Зголемено нивото на реката Вардар

Повеќе од двојно зголемен во однос на просекот за август е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.

Зголемувања на нивоата има и на Вардар кај Зајчев Рид, како и на Струмица кај Сушево, додека нивото на Пчиња кај Катлановска Бања е исто со августовскиот просек.

Опаѓања се забележани на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун. 

 

 

 

09.08.2017 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега