По завршување на УЕФА Суперкупот следи расчистување на просторот

 

Скопје вчеравечер беше домаќин на големиот фудбалски спектакл, односно на натпреварот меѓу фудбалките клубови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Љубителите на фудбалот од цел свет имаа чест и задоволство да ги видат светски познатите фудбалски имиња на натпревар од УЕФА Супер купот.

Скопје во текот на изминатите денови го посетија повеќе од 100.000 посетители и за таа цел се погрижи најголемиот дел од нив да бидат информирани за знаменитостите на Скопје преку промотивно видео и голем број брошури.

По завршувањето на натпреварот на кој присуствуваа околу 33.000 навивачи, на терен излегоа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје кои што ги чистеа јавните зелени површини во Градскиот парк, улиците и плоштадите на коишто беа поставени фан зоните.

Активностите се одвиваа цела вечер и ќе продолжат денеска до целосно расчистување на просторот.

 

 

 

 

09.08.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега