Терор на Талат Џафери и СДСМ во Собранието: Џафери повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Денес на самиот почеток на седницата на Собранието на која точка на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му укажаа дека поради распишувањето на локалните избори од страна на Џафери оваа точка мора според Изборниот законик да биде ставена во мирување до завршување на изборите, Џафери ја продолжи расправата со што не му даваше процедурална забелешка на пратеникот Антонијо Милошоски.

Откако Милошоски проба да го искористи своето право на процедурална забелешка, Талат Џафери се обиде со обезбедување од МВР да го тргне Милошоски од говорницата. На оваа провокација и кршење на деловникот од страна на Џафери, сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја обиколија говорницата и не дозволија Талат Џафери да спроведува полициско насилство во законодавниот дом.

Случајно или не додека сето ова се случуваше ниту еден од пратениците на СДСМ не беа присутни во салата што отвора сериозни индикации дека повторно СДСМ сака да спроведе политичко насилство во Собранието овој пат преку нелегалниот претседател кој што тие го избраа Џафери.

 

 

 

09.08.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега