Инцидент на Суперкупот: Пијан скопјанец го нападнал обезбедувањето

Вчера околу 20:00 часот, на западниот влез во Телеком арената, при редовен преглед на лице кое имало карта за влез на стадионoт, 26-годишниот Б.Р. од Скопје под дејство на алкохол започнал расправија со полициските службеници заради времетраењето на прегледот, а потоа и го оттурнал полицискиот службеник.

При интервенција на останатите полициски службеници иститот давал активен отпор, но потоа бил совладан и приведен во Полициска станица Кисела Вода.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

09.08.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега