Два автобуси се запалија утринава во Гостивар
Утринава во 4 часот и 45 минути, во Гостивар во населбата Млаки од засега непознати причини настанал пожар на два автобуси (еден со регистарски таблички со македонска нацинална ознака, а еден со швајцарска национална ознака).
Пожарот е локализиран од страна на Противпожарна единица Гостивар.
Увид на лице место ќе изврши екипа од Полициска станица Гостивар.
09.08.2017 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа