Доаѓа големо освежување, температурите паѓаат за 15 стпени: Еве до кога ќе трае

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови. Т-мин. од 15 до 23, а т-макс. од 32 до 39 степени.

СКОПЈЕ

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.

Т-мин. 20, т-макс. до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

 

 

 

 

11.08.2017 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега