Денеска продолжува расправата за разрешување на Зврлевски

Собранието денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Вчерашната седница беше тензична и со неколку паузи, по што е одлучено да продолжи денеска во 12 часот.

Со само 20-тина пратеници од мнозинството во собраниската сала, ВМРО-ДПМНЕ бараше да не се расправа за смената на Зврлевски, но тоа не го прифати спикерот Џафери. 

Собраниската расправа за смена на јавниот обвинител се води од минатиот месец, во осум продолженија.

 

 

 

12.08.2017 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега