Џафери се пишмани и ја одложи утрешната седница на Собранието

Талат Џафрри се пишмани и наместо за утре новото продолжение на собраниската седница го закажа за во понеделник. Пратениците веќе ја добиле информацијата дека седницата која беше закажана за утре се одложува за во понеделник со почеток во 12 часот.
Што го натера Џафери на ваков чекор не може да се добие информација особено не по неговиот став изнесен денеска дека поради бројните реплики на пратениците на опозицијата ќе се работи и во недела.
Новинарите кои денеска ја следеа собраниската дебата беа сведоци на полупразна сала. За разлика од поголемиот број пратеници на опозицијата кој беа во пратеничките клупи, нивните колеги од СДСМ ретко кога беа повеќе од десетмина во пленарната сала, додека пратениците на ДУИ воопшто не можеше да се видат на местата резервирани за нив.
Опозицијата смета дека дебатата за разрешувањето на Зврлевски е незаконска и во спротивност со Изборниот законик кој предвидува забрана за разрешување и назначување на јавни функционери од распишувањето на избороте па се до нивното одржување. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пратениците треба да се фокусираат на проблемите кои граѓаните ги имаат со пожарите и да се отвори дебата за стратегијата на Владата за мигрантите. Од СДСМ сметаат дека реформите не може да почнат додека не биде сменет Зврлевски.

 

Во наредните денови пред пратениците треба да се најдат и шестте интерпелации за министрите на Заев кои деновиве ги поднесе опозицијата.
 

 

 

12.08.2017 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега