Девојка намерно предизвикала пожар во фабрика за чевли во Берово

Дваесет и едногодишна девојка намерно предизвикала пожар во фабрика за чевли во Берово, при што во опасност бил доведен животот на вработените.

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Р. (21) од село Умлена, пехчевско, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

„Пријавената на 7 август, во временскиот период од 10 до 13 часот, се упатила во објектот на старата гимназија во Берово во кој е сместен погон за производство на чевли на фирмата АД „Баргала“ – Штип, незабележана влегла во подрумска просторија и со употреба на соодветен алат и запаливо средство предизвикала пожар кој започнал неконтролирано и стихијно да се шири“, соопшти МВР.

Притоа, велат од МВР, било предизвикана значителна опасност за животите на луѓето кои биле ангажирани за работа од страна на наведената фирма.

 

 

 

14.08.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега