Данев до пратениците од СДСМ: Аеродромци ве прашуваат и вас и мене дали Аеродром ќе стане мигрантска населба?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев од собраниската говорница ги запраша своите колеги од СДСМ дали и општина Аеродром е дел од Стратегијата за мигранти и бегалци на министерката Царовска.

Данев ги запраша дали онаа урбанизација во Лисиче каде се планираше изградба на куќи и станови за млади брачни парови ќе биде нова мигрантска населба во градот Скопје и општина Аеродром.

По најавите за изградба на мигрантски кампови низ целата територија на Македонија како и изградба на на населби и станови граѓаните се во страв дека токму нивната општина ќе стане дел од планот за бегалци и мигранти на Заев и Царовска.

Општината Аеродром е последна во низата општини кои бе споменати како можна локација за изградба на мигрантски населби. Граѓаните на Аеродром во огромен процент се против изградба на мигрантски населби и кампови на територијата на нивната општина како и низ цела Македонија.

Токму пратеникот Данев како граѓанин кој живее во општина Аеродром го пренесе ставот на неговите сограѓани кои му ја дале довербата да стане пратеник.

 

 

 

14.08.2017 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа