Нови детали за убиството на Бојку Леку: Му пукал повеќе пати во глава па избегал со мотор

Попладнево на плажа во Струга во 17 часот е убиен Дилавер Бојку Леку, а според податоците на Мкд.мк, најверојатно се работи за крвна одмазда, за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Инаку, според податоците на Алсат, Бојку Леку бил убиен со куршум во челото, а потоа напаѓачот по кој полицијата трага, избегал со моторцикл. Лекари во струшката болница за Алсат информираа дека најверојатно Бојку бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

Се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

14.08.2017 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега