Нови детали за убиството на Дилавер Бојку - кој му пукаше во главата?

Платен убиец најверојатно го застрелал во главата Дилавер Бојку Леку вчера на плажата Аква Бар во Струга, каде стопанисувал со повеќе локали. Како што дознава Сакамдакажам.мк, познатиот осуденик Бојку чие име се поврзуваше со проституција, бил застрелан од платен убиец кој потоа веднаш побегнал од местото на убиството со моторцикл.

58-годишниот Бојку беше убиен во 17 часот.

За потсетување, на почетокот на 2000-те поседуваше неколку ноќни клубови во Велешта и во Струга, кои што функционираа како бордели, во февруари 2003 година беше уапсен и осуден на шестмесечна затворска казна за шверц на луѓе, за веќе во јуни да побегне од струшкиот затвор, а го бараа и ФБИ како „најпознатиот македонски државјанин надвор од Македонија и ФБИ е заинтересирано за случајот“.

Само две недели по бегството беше уапсен во Уљцињ, Црна Гора и екстрадиран со хеликоптер во Македонија и доби затвор.

Се очекуваат повеќе детали за убиството среде бел ден.

 

 

 

15.08.2017 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега