Ќе се врши обдукција на телото на Леку - Јавното обвинителство интензивно работи на случајот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Охрид вчера изврши увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан.

Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.

Од лице место се подигнати траги и тие веднаш се дадени на вештачење, додека по наредба на јавниот обвинител, на телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

Интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.​

 

 

 

15.08.2017 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега