СДСМ не може да најде место за Жерновски - градоначалникот на Центар во пензија?

СДСМ готви терен да му се „заблагодари“ на Жерновски за градоначалничките услуги во општина Центар. Атмосферата меѓу вработените во општината но и серијата јавни изјави на дел од функционерите во неа, не оставаат простор за сомнеж дека Жерновски, нема да добие нова шанса за градоначалник на општина Центар, барем не од СДСМ.

Претседателот на општинскиот Совет, Мирослав Шиповиќ на социјалните мрежи го обвини Жерновски дека со пари на граѓаните на општина Центар се шетал на спортски натпревари.

„Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту, пак, поднел извештај за службеното патување“, пишува Шиповиќ објавувајќи го извештајот за трошењето.

Оние кои ја следат политиката воопшто не се изненадени од ваквиот развој на настаните. Андреј Жерновски веќе подолг период е не „немилост“ на раководството на Бихаќка а во последните неколку месеци, редовно се наоѓа на страниците на медиумите кои важат за блиски до СДСМ.

На само 2 месеци пред изборите, извесно е дека СДСМ во Центар ќе го предложи директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ, а за Жерновски иако се спомнуваше местото за градоначалник на Скопје, сега, речи си извесно е дека нема да види ништо ниту од оваа позиција, бидејќи во трката со Коце Трајановски СДСМ сериозно размислува да го пушти Петре Шилегов.

Андреј Жерновски е еден од четирите градоначалници на СДСМ и коалицијата кои на последните локални избори добија доверба од граѓаните. 

 

 

 

15.08.2017 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа