Со 2,43 промили се забил во трактор - битолчанец со скршен череп итно во болница

Страшна сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера вечерта околу 20 часот и 45 минути на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, кај селото Кравари, кога пијан возач удрил во трактор.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале трактор управуван од 30 годишниот С.С. и БМВ со прилепски регистерки ознаки кое го управувал 28-годишниот М.З. од село Лажани, кој имал 2,43 промили алкохол во крвта.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на тракторот и со скршеница на черепот и ребрата итно е однесен во болница.

 

 

 

15.08.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега