Скопјанец си пукал во главата - се бори за живот

Во 08 часот и 50 минути во текот на вчерашниот ден, во Ургентниот Центар-Скопје бил донесен 32-годишниот А.А. од Скопје, кој  бил ранет од огнено оружје во пределот на главата.

Имено, полицијата информира дека дента во 08  часот тој се симнал во подрумските простории од куќата во која живеел и со огнено оружје си пукал во главата.

А.А. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.  

 

 

 

15.08.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега