Скопјанец го запалил дворот на соседот

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против 58-годишниот скопјанец Т.В. за кривично дело „предизвикување општа опасност“. 

Како што информира МВР, пријавениот на 12 август околу 15 часот и 30 минути во село Зрзе во алкохолизирана состојба собрал поголема количина хартиени вреќи и стара хартија и отишол во соседното дворно место сопственост на М.С. од село Зрзе каде со запалка ја запалил хартијата. Потоа во огнот почнал да фрла стари ќебиња и волнени јамболии кои сакал да ги изгори.

Пријавениот потоа заминал со намера да земе уште стари работи за горење, оставајќи го огнот без надзор. Но кога по кратко време се вратил, забележал дека огнот се проширил и настанал голем пожар кој зафатил површина од околу 500 метри сува трева во дворното место на М.С., но и во неговиот двор. Пожарот го забележале соседите кои веднаш дошле и набргу пожарот бил локализиран. 

 

 

 

15.08.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега