Денот кога на мажите им се исполнуваат желбите - денеска направете го ова

Денеска е Св. седум отроци во Ефес.

Овие седум момчиња христијани, бегајќи од гонењето на царот Декиј (249-251), се засолнија во една пештера близу Ефес. Таму Бог им прати еден чуден и долг сон. Додека тие спиеа, нивните гонители го заѕидаа влезот во пештерата. Двесте години подоцна, во времето на царот Тео¬досиј Помладиот (408-450) настана голем спор околу воскресението на мртвите. По Божја промисла некои овчари близу Ефес градеа трла за својата стока и за таа потреба ги користеа камењата од истава пештера. И тогаш момчињата се разбудија од сон, здрави и млади какви што беа пред цели два века, на тој начин сведочејќи за реалноста на воскресението. Недела дена подоцна тие пак заспаа, но сега со смртен сон, за да го чекаат денот на општото воскресение.

Денеска се семта дека е погоден ден за простување на гревовите и за смирување со оние со кои сме скарани.

Светците се сметаат за заштитници на мажите, и се верува дека ќе им се исполни секоја желба ако отидат да запалат денеска свеќа во црква.

 

 

 

17.08.2017 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега