Заев го осуди терористичкиот напад во Барселона

Владата на Република Македонија го осудува терористичкиот акт во Барселона, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство.

- Изразуваме жалење до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство, како и до државите од кои доаѓаат, а на повредените им посакуваме брзо опоравување, се наведува во денешното соопштение од Владата.

Оттаму изразуваат надеж дека безбедноста на граѓаните на Барселона, како и сите туристи кои се таму е веќе обезбедена.

- Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата, порачува премиерот Зоран Заев. 

 

 

 

18.08.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега