Османи: Институциите да се посветат на реформите

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Ѓорѓи Сламков, на денешната работна средба разговарале за имплементацијата на мерките од Планот 3-6-9, кои се во надлежност на Комисијата.

Османи, како што соопшти неговиот Кабинет, на состанокот посочил дека покрај Владата, владините институции, Собранието ..., потребно е и останатите институции, кои се политички независни во својата работење и одлучување, да се посветат на реформите предвидени во Планот 3-6-9.

- Процесот на евроинтеграции има наднационален приоритет и е од интерес за сите граѓани на Република Македонија. Во таа смисла потребано е сите институции чија обврска се интересите на граѓаните да се посветат на реформите кои се во насока на приближување кон европските правила,  истакнал Османи на средбата.

Тој го претставил ставот на Владата дека треба да се спроведат длабински и детални реформи, секаде каде што тоа е неопходно, како што навел, не само заради самите реформи и не само заради ЕУ, туку заради нас и нашите граѓани кои тоа го бараат од нас. - Притоа Владата, во име на сите државни институции, се обврза да ги земе во предвид сите препораки добиени од нашите меѓународни партнери, истакнал Османи.

Комисијата, како што е наведено во соопштението, дала поддршка за реализација на предвидените мерки во Планот кои се во нејзина надлежност имајќи предвид дека тие се во насока на обезбедување поголема транспарентност на државните институции, но и олеснување на слободниот пристап до информации од јавен карактер за сите заинтересирани страни.

 

 

 

18.08.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега