Весела математика на Царовска: Колку всушност СДСМ ги зголемува пензиите

 Весела математика или обид за евтина пропаганда врз грбот на пензионерите. Што сакаше да каже Министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска на последната прес конференција на која го најави покачувањето на пензиите. 

Тоа значи дека по ова усогласување секој пензионер ќе добива по 180 денари месечно или вкупно од јануари до крајот на годината 2.160 денари. Усогласувањето, како што знаете, се врши два пати годишно и е во однос на растот на платите и на трошоците за живот – рече Царовска.

Таа најави и дополнително зголемување на пензиите на годишно ниво.

- На крајот од секоја година по анализа на состојбата на буџетот и можностите ќе се зголемуваат пензиите дополнително. Тоа секако ќе зависи од финансиската анализа – најави Царовска.

Претходната власт ги зголемуваше пензиите линерано по 500 или 600 денари годишно.

Но што сакаше всушност да каже Царовска.

Последното покачување на пензиите од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ се случило во ноември лани што значи дека во 2016 година пензионерите земале само една покачена пензија, и тоа, покачена за 600 денари. Оттука, Царовска вели дека во 2016 година пензионерите земале само 600 денари повисока пензија. Потоа, таа вели дека со покачувањето од 180 денари месечно кое го прави владата на СДСМ, пензионерите за 12 месеци ќе земат 2160 денари повисока пензија. 2160 е повеќе од 600 денари, но за да се стигне до овие 2160 денари, пензионерите ќе треба да чекаат до наредниот септември во 2018 година.
Ако одиме со речникот на Царовска, во 2017 година од септември до крајот на годината ќе има простор за 4 пензии што значи дека вкупно за 2017 година за сите 4 месеци заедно (од септември до декември) пензионерите ќе земат 720 денари повисока пензија од онаа која ја земаат сега. (вкупно на годишно ниво). Ако се направи математиката со 2016 година, кога само 1 месец им била повисока пензијата, тогаш пресметката вели дека за цела 2016 вкупното покачување било за 120 денари пониско од вкупното покачување за 2017 иако лани, пензијата била покачена само 1 месец, а годинава 4 месеци.
Но да ја земеме и вкупната бројка на годишно покачување на пензиите. За 12 месеци, СДСМ ја покачува пензијата за 2160 денари (значи 180 денари месечно). Во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензијата се покачувала за 600 денари месечно или вкупно 7200 денари годишно што е за 330% повеќе.

Математиката вели дека пензионерите во цела 2017 година како резултат на покачувањето на пензиите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ добиле 7200 денари вкупно покачување.  Ако СДСМ ја покачува пензијата за 2160 денари годишно, само за да се стигне покачувањето од 2017 година ќе бидат потребни повеќе од 3 години, што значи дека оваа година, пензионерите го земале целото покачување што СДСМ го ветува за наредните 3 години. 

 

 

 

19.08.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега