Полицијата го фати: Апсење на Граничниот Ќафасан

На граничниот премин „Ќафасан“, вчера во 15 часот и 31 минути за излез од Република Македонија се пријавил 55-годишниот К.С. од Република Албанија. 

Од извршените проверки било констатирано дека К.С. се наоѓа на листа за потраги со мерка „Апси“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, поради што требало да се спроведе до затворот Скопје.

Тој бил лишен од слобода и во 16 часот и 30 минути бил предаден на полициски службеници од полициската станица Струга за понатамошна постапка.

 

 

 

19.08.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега