Арсовски: Раскалашеното работење на оваа влада секојдневно го зголемува долгот на државата

25.000 евра годишно граѓаните на Македонија ќе го плаќаат српскиот естраден менаџер Зоран Башановиќ. Ни помалку ни повеќе туку 25.000 евра. Толку чинат услугите што српскиот естраден менаџер Башановиќ му ги дава на Заев, а ги плаќаме ние граѓаните. Затоа граѓаните имаат право да знаат што го советува Башановиќ, новиот премиер Зоран Заев? По што советите на српскиот естраден менаџер се разликуваат од советите на пеачката Цветанка Ласкова?- рече Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, при обраќање од пред Влада на Република Македонија,

         - На кој начин тој ќе ја заработи платата од 2.000 евра која му се исплаќа директно од џебот на граѓаните. Со платата на Башановиќ од 25.000 евра може да се исплатат 60 стипендии за најдобрите студенти. Знае ли Заев што би значела паричната помош од по 500 евра за 50 социјално загрозени семејства, доколку одлучи да не го полни со пари српскиот естраден менаџер, туку да им ги додели на нив?- рече Арсовски

 

        -  Дали српската мешетарска спрега Башановиќ, Обрадовиќ и Заев ќе донесе уште еден бонбона бизнис за СДС во кој мета ќе биде продажбата на ЕЛЕМ.  На јавноста Зоран Башановиќ и е познат по своето клептоманство и низата скандали за кој е пишувано по медиумите во регионот. Тој е познат по кражба на ќебиња, потенцирам ќебиња во Флорида во вредност од 5.000 долари за што потоа и бил уапсен.Со ангажирањето на клептоманот Башановиќ, Заев докажува дека си бара слични на себе во најблиското окружување. Овој менаџер единствено може да помогне во распродажбата на Македонија која ја отпочна СДС уште во времето на транзицијата во 90-тите години- истакна тој

 Арсовски рече дека , раскалашеното работење на оваа влада секојдневно го зголемува долгот на државата и тој вртоглаво расте. На сметка на кратење на капитални инвестиции, поголеми пензии и образованието се вработуваат партиски потрчковци и матни ликови кои работат или одработиле за нивниот шеф Заев.

 

          -Неконтролираното и целосно неодговорно трошење на парите на граѓаните ќе доведе до крах во економијата и тоа се случува пред очите на јавноста. Граѓаните одамна го прочитаа Зоран Заев и неговата неспособна булумента со која е опкружен. Токму поради тоа граѓаните ќе го казнат СДС на 15-ти октомври за сите катастрофални грешки кои ги направи во период од неполни три месеци. Ќе ги казнат како што ги казнија и на 11-ти декември и еднаш засекогаш ќе ја испратат оваа патетична збирштина во македонската политичка историја- заклучи Арсовски

 

 

 

20.08.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега