Страшна сообраќајка: Струмичанец се превртел со трактор и починал на лице место

Вчера, во периодот од 14 часот и 30 минути  до 18,00 часот, на локалниот пат село Едрениково-селоТрибичино во Струмица се случила сообракајна незгода во која 77- годишниот Т.Л од Струмица, управувајќи трактор „Масеј Фергусон“ без регистарски ознаки, со приколка, изгубил контрола над тракторот и излетал на левата страна од коловозот и се превртел.

Од здобиените повреди, Т.Л.  починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струмица.

 

 

 

20.08.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега