Апсења на граничните премини „Деве Баир„ и “Табановце„

Вчера во 16 .00 часот на Граничен премин „Деве Баир“, за влез во  Република Македонија се пријавил 48- годишен В.Г.В од Република Бугарија, кој управувал патничко возило „Мерцедес 270 ЦДИ“ со бугарска национална ознака.

При контрола на сообраќајната дозвола и на носителите на идентитетот на возилото (ВИН бројот, типската налепница и дополнителнителните налепници кои се наоѓаат во возилото од кои може да се идентификува истото), било констатирано дека тие не се совпаѓаат со оригиналните. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, В.Г.В. бил лишен од слобода, а патничкото возило било одземено.

Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од ПС Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

Истиот ден, но нешто подоцна околу  20 часот и 45 минути на Граничен премин „Табановце“, за излез од Република Македонија се пријавил 38- годишен  П.М од Република Албанија, кој управувал патничко возило „Фолксваген Голф“ со албанска национална ознака.

При пасошка контрола, било констатирано дека на една страница на патната исправа на П.М. било извршено прелепување со дел од страница од друга патна исправа. П.М. бил лишен од слобода, а патната исправа, со Потврда за привремено одземени предмети, му  била одземена.

По ова лицето и патната исправа биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка

 

 

 

20.08.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега