Непознато лице со бекатон плоча искршило стакло во Влада

Синоќе во 22 часот и 50 минути во Единицата за известување и командување Скопје, од страна на обезбедувањето на објектот на Владата на Република Македонија, било пријавено дека непознато  лице со бекатон плочка искршило едно прозорско стакло од објектот, по што побегнало во непознат правец.

Полициски службеници од полициската станица во Центар излегле на местото на настанот, а увидна екипа од СВР Скопје извршила фотографирање на местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

20.08.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега