Автобус полн со македонски туристи се преврте кај Велес - најмалку 20 тешко повредени

Најмалку 20 повредени меѓу кои и потешко во страшна сообраќајна несреќа која попладнево се случила во близина на Велес. Автобус со грчка регистарска таблица кој попладнево се враќал со туристи од Пефкохори, Грција се излизгал кај месноста Велешко брдо. Според првичните неофицијални информации, меѓу повредените има и деца и сите се во потешка состојба. Неофицијалните информации велат дека станува збор за македонски државјани.
 
Сега за сега нема информации за смртни случаи или дали некој од патниците е во животна опасност.
 

 

 

20.08.2017 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега