УХМР со временска најава за утре

 

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 23 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 31 степен.

До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.

 

 

 

23.08.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега