Беличанец-Алексиќ денеска им врачи примерок од Отчетот на жителите во Црниче, Пржино и Теферич

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска продолжи со делењето на Отчетот за сработеното. Таа денеска беше во Црниче, Пржино и Теферич, каде им врачи примерок на жителите на овој дел од општината.

Со нив заеднички се продискутира за сработеното во нивните населби. За темелната реконструкција на ПОУ Кузман Јосифовски Питу и отворањето на првата градинка во Црниче во склоп на ова училиште, за целосната реконструкција на градинката “8 Март” во Пржино, за реконструкцијата на повеќе улици низ овие населби, за проектот за проширување и реконструкција на патот кон Теферич кој е во својата втора фаза, информираат од општина Кисела Вода.

 

 

 

24.08.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега